Охрид од денеска е домаќин на 8.Меѓународен металуршки конгрес „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“
Вистинското значење на поимот инклузија, улогата на институциите во контекст на инклузивното образование и препораки за модели за инклузивно образование на Ромите на Македонија ќе бидат темите, за кои ќе се разговара на средбата.
Планинарски Клуб „Љуботен“ од Тетово, на 26 и на 27 мај го организираше традиционалното искачување на Титов Врв, по триесет и седми пат.
Во Прилеп вечерва се одржува манифестацијата „Сите на точак“ во организација на неформалната иницијатива „Прилеп на Точак“ и преку 100 вљубеници во возењето велосипед учествуваа возејќи низ градот.
Градоначалничката на Битола Наташа Петровска приреди прием и оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп.
Механизација на јавното претпријатие „Македонија пат“ од денеска започна со асфалтирање на последните три километри меѓу селата Теранци и Кучичино на териоријата на општина Чешиново-Облешево.
Во Струмица има повеќе лица без лични документи во споредба со другите градови од Источна Македонија. Бројката тука се очекува да изнесува околу педесетина лица кои не се запишани во матичната книга на родените.
Телото на починатиот доктор Георге Петков по дест дена од неговата смрт на Хималаите, денеска беше донесено во Гевгелија, јави дописникот на МИА.
Петтата седница на Советот на општина Гостивар беше прекината денеска, откако членовите на ДУИ и останатите партии кои го сочинуваат мнозинството ја напуштија салата.
Во штипската Клиничка болница утре ќе се промовираат двете нови амбулантни возила, кои преку грант од Јапонската амбасада ги обезбеди Центарот за развој на Источен плански регион (ИПР).