Ресурсите биле и ќе бидат пресудни за функционирање на воените состави во мир, а посебно во услови на кризи и при водење војна. Примерите од историјата покажуваат дека војните се добиваат или губат заради ресурсите, а ресурсите со предзнак „логистика“ имале пресудна улога.
Тетовската клиничка болница денеска доби донација од инвалидски и колички за лица со пост-оперативен третман од данска невладина организација „Унити Друм“ во која членуваат жители од општина Желино, кои живеат и работат во Данска.
Водостоите на сите реки во земјава се пониски во однос на вчера, но сепак се над повеќегодишниот просек за мај, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Бригадата за логистичка поддршка (брЛП) при АРМ денеска со воена свеченост во кругот на Командата ќе одржи воена свеченост, по повод одбележувањето на денот на бригадата - 20 мај.
Плажите во првата зона и во централното градско подрачје на Охридското Езеро ќе се издаваат на јавно наддавање со почетна цена од 90 денари за метар квадратен.
Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние денеска ја посети општина Новаци и се сретна со градоначалникот Љубе Кузманоски со кого разговараа за досегашната соработка, но и чекорите и активностите за нејзино продолжување.
Христово Вознесение е и патронен празник на градот Гевгелија. Повод за преземање на христијанскиот празник свети Спас за патрон на Гевгелија е токму и називот на најстарата црква, воедно и манастир во Гевгелија – „Свети Спас„.
Производителите на органска храна во земјава се жалат дека маркетите им бараат огромна провизија, 4.000 - 5.000 евра, а за штандови треба да платат дополнително. Плус оптоварeни се и од сумата за регистрација на производот што ја налагаат институциите која, исто така, треба да ја подмират.
Финале за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“, ќе се одржи денеска и утре, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Министерство за образование и наука
Традиционално вечер ќе одекнат камбаните во црквата „Свети Спас“, која под својот покрив ќе ги собере верниците кои ќе преспијат во храмот за здравје, среќа и бериќет. Наместо курбанот, кој се давал порано, верниците пред да заспијат ќе јадат црковно гравче.