Од понеделник ќе почне собирањето потиси за валидност на иницијативата за распишување референдум во општините Босилово и Ново Село, соопшти денеска граѓанската иницијатива „Спас за струмичката котлина – Стоп за рудникот Иловица“.
Градоначалникот на Валандово Николче Чурлиновски денеска донесе решение со кое се запира објавувањето на одлуката за референдум која беше донесена од валандовскиот Совет на вонредната седница што се одржа на 3 јули.
Општина Гевгелија денеска објави тендер за реконструкција на градскиот стадион на кој новиот второлигаш Кожуф ќе ги игра натпреварите од фудбалското првенство на Македонија.
Незадоволни граѓани поради нерешавањето на проблемот со депонијата, која одново се запали и ги труе стружани, синоќа фрлаа ѓубре пред здрадата општината во Струга, пренесува Охридпрес.
Овие земјотреси во науката се дефинираат како афтер шокови кои произлегуваат по големиот земјотрес со јачина од 5 степени, кој што се случи во 13 часот и 18 минути.
Општина Аеродром апелира до граѓаните доколку забележат уништување на урбаната опрема во Паркот на езерата или во околината веднаш да пријават во полиција или во Општината.
Советот на општина Валандово денеска на вонредна седница го прифати барањето за референдум на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ и едногласно ја донесе Одлуката за негово респишување.
Земјотресот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала што попладнево во 13:18 часот го потресе охридскиот регион, ги вознемири охриѓани и туристите во градот, кои излегоа пред своите домови и објектите каде што престојуваат.
Силен земјотрес пред неколку минути го раздрма охридското тло.
Ова е прва крводарителска акција која ја организираат кумановските планинари. Бобан Стефановски, еден од организаторите најави дека акцијата ќе стане традиционална и додаде оти се задоволни од одѕивот на планинарите