Прилепскиот Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ до Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и против поранешните директори на домот, Ирена Стерјовска Локвенец и Дарко Рибароски
Државата платила околу 120 илјади евра последниве пет години за штетите што ги направиле мечките на сопствениците на пчелните сандаци, домашните животни, градините и овошките во прилепско. Мечките се заштитени со закон и штетите по судска постапка се надоместуваат од државниот буџет.
Во магазинот „Во воздух“ на словенечкиот авиопревозник „Адриа“ Струмичкиот карневал е понуден како возбудлива зимска дестинација од вкупно седум такви во Европа.
Се почести се предупредувањата за влијанието на климатските промени во земјоделството. Експертите предлагаат примена на адаптивни мерки, а една од нив е рационалното користење на водата за наводнување.
По неколку месечен застој ќе продолжи реконструкцијата на специјалната болница за ортопедија Свети Еразмо во Охрид, најави министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета.
Чорбата се изеде а бурињата со вино се испија до последна капка,а со симболично капење во езерските води се одбележа пуштањето на ловот на пастрмката.
Со осветување на водите на езерото на хотелот Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на општина Илинден масовно го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици.
Светиот крст што денеска по повод големиот христијански празник Богојавлјение Водици беше фрлен во базенот „Аквариус“ во Струмица, прв го фати Лазар Котуровиќ.
Крстот во Прилеп го фати 29 – годишниот Александар Велјаноски. На Велјаноски ова му било третпат како на овој празник го фаќа крстот, известија од Општина Прилеп.
Теодор Цветков, 23-годишен државјанин на Република Бугарија го фати крстот во Гевгелија. По крстот во водите на Вардар влегоа четириесетина верници, а првпат го фати странец.