Пратеничката група на СДСМ предложи измени на два закона со цел намалување на патните трошоци на пратениците.
Биљал Касами во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека на Конгресот за избор на лидер на Беса ќе се кандидира и тој.
Двајца од тројцата основачи на Движење Беса, Африм Гаши и Скендер Реџепи – Зејди, на 4 јануари, од страна на Биљал Касами, се разрешени од нивните функции во Одборот и Централното раководство на партијата.
Измените на Законот за употреба на јазиците, што Собранието ги усвои денеска, се во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5, донесен пред 17 години.
Законот за двојазичност кој денес го изгласа парламентарното мнозинство е неуставен. Со овој чин власта покажа дека највисокиот правен акт, Уставот на државата за неа е само мртво слово на хартија.
Името, употребата и иредентизмот, се трите точки како дел од националната линија на грчката опозициска Нова демократија, кои повторно ги спомена претседателот на партијата.
Правосудните органи мора да се ослободат од стегите и притисокот и своите одлуки да ги донесуваат исклучиво согласно позитивните законски норми. Независното судство е право на граѓаните, кое не смее да им биде скратено.
И покрај тенкото парламентарно мнозинство, власта изгледа уверена дека и натаму лесно ќе ги спроведува своите политики, во прв ред предвидените реформски процеси.
ВМРО-ДПМНЕ најверојатно утре ќе го избере новиот Извршен комитет на партијата. Според неофицијалните информации, во текот на утрешниот ден партијата ќе го свикa Централниот комитет кој треба да одлучи кој ќе членува во извршното тело на партијата.
Беса може да се подели на две различни партии ако Управниот Суд не реши дека Неџбедин Кахремани е легитимниот претседател на партијата – велат за Алсат М високи претставници во Беса. Кахремани е оптимист дека Управниот Суд ќе реши во полза на неговото крило.