Претседателот на Национална демократска преродба (НДП), Весел Мемеди, во соопштение до јавноста вели дека не е вклучен во ниту една притивзаконска активност за настаните во Собранието на 27 април.
Ниту Претседателот Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков немаат никаква поврзаност со приватизацијата на фабрики во Србија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ испраќа повик до сите македонски граѓани за утрешниот марш за правдината и за Татковината.
На протестот, Владимир Ѓорчев ги поздрави актерите од МНТ затоа што покажале солидарност со својот колега, Владо Јовановски.
„Прекинаа претстава колегите на Владо Јовановски и директорот им се закани со казни. Замислете. Покажаа солидарност кон својот колега затоа што тие најдобро знаат дека тој не може да биде терорист“.
Професорот Александар Даштевски вели дека конструкцијата на делото е смешна и дека нема никакви основи за тероризам. Лицата кои се во притвор за ова дело, рече тој, се пријатели на цела Македонија.
Протестот денеска е пред затворот во Шуто Оризари, а на него меѓу бројните граѓаните и денеска, како и претходните денови беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Демократската унија за интеграција ја поздравува одлуката на Врховниот суд за повторно судење за случајот „Монструм“ и ослободување на обвинетите да се бранат со слобода.
Судството под политички притисок вчера ослободи лица обвинети за тероризам. Како услов за да се бранат од слобода за грозоморното убиство на петте момчиња кај Смилковско езеро, судот им определи мерка два пати во неделата да се јавувале кај надлежниот судија.
-Ако мислат дека со притисоци и црна пропаганда ќе уплашат некого, многу се излажале. Ако ова продолжи кога тогаш ВМРО ќе врати, а кога ВМРО враќа тоа е многу силно.