Со димни бомби кои ги фрли полицијата, синоќа беа извлечени пратениците на СДСМ од Собранието, по инцидентите кои се случија.
Но, по тие 4 часа поминати во рацете на демонстрантите, Собранието не остана без лузни. Дел од лутата толпа насилно ги зазема просториите, ги искрши ходниците, а и некои од пратениците.
Избравме претседател на Собранието и ќе избереме влада, како што очекуваат граѓани и меѓународната заедница.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека нема да одат на лидерската средба што ја закажа претседателот Иванов, бидејќи како што рече, Иванов е дел од проблемот, а не од решението и изрази осуда на состојбите во државата.
Очекувам веднаш оставка од Митко Чавков. И нека бега подалеку. Срамота, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Сакам да ја известам јавноста дека вчера од моментот на ескалација на ситуацијата се до 20 часот раководителот на Штабот г-дин Митко Чавков не беше достапен за мене иако го барав и телефонски и лично во Оперативниот штаб.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев одржа прес-конференција од партиското седиште на која рече дека вчерашниот инцидент во Собранието бил координирана, испланирана акција.
Министерот за внатрешни работи рече дека од морални причини ќе се повлече од функцијата и дообјасни дека тоа ќе го побара од лидерот на неговата партија, како и дека ќе создаде услови за мирен трансфер на власта.
Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека ги презема сите дејствија за расветлување на вчерашните настани пред и во Парламентот.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски (АВМУ) услуги најостро го осудува насилството врз новинарите и новинарските екипи.