Четири килограми амфетамини, исто толку марихуана и околу 4.000 парчиња екстази пронашла денеска полицијата во Битола при претрес на домот на П.Н. (30), кој е приведен и против кого ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за повеќе од еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 20.000 санкции“, рече Ангеловски.
Сообраќајните несреќи се причина за голем број загубени човечки животи, голем број загинати лица и уште поголем број повредени со трајни телесни повреди, уништени семејства и огромни материјални загуби.
Кумановската полиција денеска приведе едно лице кое се барало со потерница за издржување едногодишна затворска казна.
По добиени сознанија дека И.Н. од Прилеп, заедно со уште едно лице договориле продажба на златни монети на лице во Кочани, околу 11 часот вчера на регионалниот пат, на влез на Кочани, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип во возило „фолксваген“ пронашле 16 златни монети, а привеле две лица.
Полицијата вчера на територијата на град Скопје изрече вкупно 386 мерки, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 41 санкција за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 72 мерки за непрописно паркирани возила и 70 санкции за неносење заштитна маска.
Министерството за внатрешни работи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера на територијата на Кисела Вода и Сопиште изрече се вкупно 172 мерки, меѓу кои 18 за возење без возачка дозвола, 17 за неисправни и нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол и 16 мерки за неносење на заштитна маска.
Во возило „субару форестер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б. (38) од Скопје, и при извршен преглед во возилото вчера околу 17 часот во скопската населба Влае полицијата пронашла пакување со синтетичка дрога амфетамин.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 692 прекршоции, соопшти МВР.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.