Мажот кој синоќа усмрти осум лица на Менхетн во Њујорк е идентификуван како 29-годишниот Сајфуло Саипов по потекло од Узбекистан, јави Си-Ен-Ен.
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва оцени дека денешниот напад во Њујорк, при кој загинаа осум лица, е дело на „многу болен и ненормален човек“.
Најмалку осум лица загинаа, а 11 други се повредени на Менхетн во Њујорк, кога синоќа камионет движејќи се низ велосипедска патека прегази неколку велосипедисти и пешаци, пред да удри во училишен автобус.
Во Њујорк беше извршен напад во кој загинаа најмалку шест луѓе, а барем 15 се повредени, јавуваат американските медиуми.
Според првичните извештаи, комбе на патека за велосипеди прегазило десетина луѓе. Во еден момент најверојатно е стрелано и од оружје, но засега не е јасно кој пукал.
Поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони е под истрага во рамките на поголема истрага за бомбашки напади што ги извршила мафијата во 1993 година, изјавил судски извор.
– Лажните вести работат прекувремено. Како што рече адвокатот на Пол Манафорт немало „заговор“ и споменатите настани се случиле многу пред тој да влезе во кампањата, напиша Трамп на Твитер.
- Чешкиот претседател Милош Земан денеска на лидерот на центристичката популистичка партија Акција на незадоволните граѓани (АНО), Андреј Бабиш му врачи мандат за формирање нова влада на Чешка.
Во германскиот град Витенберг денеска беше одбележана 500-тата годишнина од почетокот на протестантската Реформација, односно од денот кога свештеникот Мартин Лутер ги заковал своите 95 тези на вратата на градската католичка црква.
Поддршката за создавање независна држава Каталонија во октомври се зголемила на 48,7 проценти, што е рекордно ниво во последните три години.