Францускиот претседател Емануел Макрон официјално ја прифатил поканата за учество на самитот „Процес Брдо-Бриони“, што оваа пролет ќе го организираат словенечките и хрватските претседатели во Словенија, соопшти кабинетот на словенечкиот претседател.
Москва не е заинтересирана да работи на подобри односи со ЕУ или да се вклучи во конструктивен дијалог за човековите права и политичките слободи.
Белгија месецов ќе искористи 443.000 дози вакцини на АстраЗенека против коронавирусот за вакцинирање на лица помлади од 55 години.
Првата независна радиостаница во Унгарија ќе престане да емитува програма откако изгуби жалба во Апелацискиот суд за одземање на лиценцата поради кршење на правилата.
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и препорача на Унгарија да го реформира законодавството во областа на јавните набавки поради спречување на системската измама.
Полицијата во Мјанмар одговори на протестите со зголемено насилство, користејќи водени топови, гумени куршуми и боева муниција во обид да ги задуши демонстрациите по минатонеделниот воен удар.
Иранскиот министер за разузнавање предупреди дека земјата би можела да се фокусира на развој на нуклеарно оружје доколку меѓународните санкции против Техеран останат во сила, јави иранската државна телевизија.
Од следната недела властите во Велика Британија ќе воведат построга гранична контрола со цел да се спречи ширењето на новите варијанти на коронавирусот, барајќи хотелски карантин за луѓе кои доаѓаат во земјата.
Наскоро во Конгресот ќе бидат поднесени два нацрт закони за поддршка на слободата на печатот и заштита на новинарите низ целиот свет, јави синоќа Гласот на Америка.
Илјадници возачи се заглавени во Германија како резултат на најобилните снежни врнежи во последните неколку години, што предизвика хаос во транспортот.