Двајца агенти на ФБИ се убиени, а тројца нивни колеги се поврдени со огнострелни рани кога рано утринава врз нив бил отворен во оган во местото Санрајс, во американскста сојузна држава Флорида, додека извршувале судски налог за претрес на една куќа, соопшти ФБИ, пренесоа американските медиуми.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска го пофали подмладокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) дека не е „ЛГБТ младина“.
Вчерашниот воен удар беше неизбежен, изјави денеска Врховниот командант на вооружените сили на Мјанмар, генерал Мин Аунг Хлаинг.
Обвинителството на крајот од судењето побара една година условна затворска казна и парична казна од 50.000 евра за поранешниот премиер Едуард Баладур (91 година), суден во Париз под сомнение за тајно финансирање на неговата претседателска кампања од 1995 година, како дел од сриозната афера Карачи, јави дописникот на МИА.
Зимската бура во северисточниот дел на САД продолжува веќе трет ден и во некои држави предизвика затворање на центрите за вакцинација против Ковид-19.
Во 2020 година во Франција се убиени 90 жени од страна на нивните сопружници или поранешни сопружници, наспроти 146 претходната година. Министерот за правда Ерик Дипон-Морети ги пофали овие резултати во борбата против насилството врз жените, иако тие се „премногу скромни“, јави дописникот на МИА.
Британскиот министер Мајкл Гов денеска изјави дека постојат сериозни проблеми со постбрегзит трговските аранжмани со Северна Ирска и побара повеќе време за примена на новите правила.
Одлуката на Приштина да отвори амбасада во Ерусалим е спротивна на интересите на ЕУ, порача портпаролот за надворешна политика, Петер Стано.
Иран го крши нуклеарниот договор со тоа што почна да збогатува ураниум во својата подземна постројка во Натанц. се наведува во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Министерството за надворешни работи на Иран денеска соопшти дека е ослободен екипажот од јужнокорејскиот танкер, што беше запленет од иранската армија во Персиски Залив во јануари годинава.