Летонскиот претседател Рајмондс Вејонис го номинираше денеска претседателот на „Нова конзервативна партија“ Јанис Борданс за премиер и му даде рок до 21 ноември да се обиде да состави влада.
Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, преку Твитер ја поздрави победата на Демократската партија во Претставничкиот дом.
Кина денеска објави дека односите меѓу двете најголеми светски економии се толку важни што интересите на двете страни да продолжат со соработка ќе преовладеат без оглед на изборниот исход.
Речиси 10 милиони луѓе со право на глас денеска гласаат за нов претседател на Мадагаскар.
Данската полиција денеска соопшти дека уапсила тројца членови на иранска опозициска група, затоа што ги пофалиле оние кои стојат зад терористичкиот напад во Иран на 22 септември во кој загинаа најмалку 25 лица.
Москва се залага за дијалог со Вашингтон со цел да се решат постоечките проблеми, но досега не гледа добра можност за нормализација на билатералните односи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, еден ден по американските избори.
Железничката страница Аточа во Мадрид и централната железничка станица во Барселона денеска беа делумно евакуирани поради сомнеж за екплозивни направи, но утврдено е дека тревогата била лажна.
Црковен претставник во Камерун изјави дека киднаперите ослободиле 79 ученици, но во заточеништво се уште се двајца од вработените во училиштето.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео и севернокорејски владини претставници требаше да се сретнат во Њујорк во текот на неделата, но состанокот е одложен и не е познато кога ќе се одржи, соопшти Стејт департментот.
Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден има најголеми шанси да биде кандидат за претседател на демократите во 2020 година, покажуваат резултатите од социолошко истражување на Ројтерс / Ипсос.