Евентуалниот состанок помеѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео се комплицира поради нивните обврски, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Индиската полиција истражува злоупотреба на хормони за растење во случај со трговија со деца за сексуални цели, откако уапси осуммина кои се обвинети за искористување на девојчињата во бордели ширум државата Телангани.
Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант денеска изјави дека неговата земја е загрижена од опасноста да не се постигне договор за Брегзит пред напуштањето на Европската унија на 29 март следната година.
Здравјето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж неодамна е влошено и се очекува тој да ја напушти Амбасадата на Еквдор во Лондон следните недели, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани лица.
Пилотите на нискобуџетната компанија „Рајан Ер“ во Белгија, Германија, Шведска и Холандија најавија штрајк од 10 август, кон кој се очекува да се придружат и нивните колеги во Португалија.
Шпанските власти прогласија метеролошка тревога поради бранот од жежок воздух од Африка, кој се движи на север и се заканува да ги зголеми температурите на Иберискиот Полуостров над 40 степени Целзиусови.
Чешката инвестициска група ППФ соопшти дека го завршила преземањето на телекомуникациските компании на Теленор во земјите од централноисточна Европа по цена од 2,8 милијарди евра.
Во судир на два патнички воза во близина на Маќу Пикчу повредени се десет туристи, од кои пет се потешко. Железницата на Перу соопшти дека повредените се хоспитализирани и се истражува причината за несреќата.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, одговори на барањето на шпанската Влада за финансиска помош во справувањето со мигрантската криза и порача дека европските фондови се ограничени.
Романската опозициска Национална либерална партија (ПНЛ) побара оставка од министерот за одбрана Михаи Фифор, по неговата изјава дека американската армија во воената база Девеселу во јужна Романија распоредила балистички проектили.