Хеликоптер од марката „Бел 429“ денеска се урнал на паркинг во кинескиот главен град Пекинг. Откако забележал дефект, пилотот го насочил хеликоптерот подалеку од густо населените делови на градот и принудно го спуштил на празен паркинг.
Оптимистичките изјави на првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и на американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата во Вашингтон, на која се договорија да постигнат решение за избегнување на трговска војна, кријат нови можни внатрешни поделби за Европската Унија.
Полицијата во Таџикистан информираше дека четворица странски велосипедисти загинале, откако во нив намерно удрило возило, со што тие најверојатно биле цел на терористички напад.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по повод Светскиот ден за борба против трговијата со луѓе, повика на нови мерки за од корен да се запре оваа појава.
Половина од гласачите во Велика Британија се за одржување референдум на кој ќе се избира меѓу договорот што Владата сака да го издејствува од ЕУ, Брегзит без договор, или останување во Унијата, покажа анкета на телевизијата „Скај Њуз“ објавена денеска.
Група независни експерти кои беа ангажирани да ја испитаат судбината на исчезнатиот лет на „Малезија Ерлајнс“ МХ370 од 2014 година од Куала Лумпур до Пекинг, соопштија дека не успеале да ја откријат причината за несреќата.
Јавното обвинителство на Анкара нареди апсење на 19 лица, кои порано биле вработени во универзитетот Гази, поради наводни врски со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека е организатор на неуспешниот државен удар од 2016 година.
Партијата на долгогодишниот премиер на Камбоџа, Хун Сен денеска соопшти дека на вчерашните избори ги освоила сите 125 места во камбоџанскиот Парламент.
Кина и Велика Британија планираат да почнат разговори за Договор за слободна трговија меѓу двете земји по излезот на Лондон од Европската унија, соопшти денеска во Пекинг новиот британски министер за надворешни работи Џереми Хант.
Повеќе од 500 планирани се наоѓаат блокирани на вулканот Ринџани на индонезискиот остров Ломбок, по силниот земјотрес што вчера го погоди регионот, при што загинаа 16 лица и беа уништени стотина куќи.