Најмалку 80 лица до сега починаа како резултат на жешкиот бран што ја зафати Јапонија во последните неколку недели.
Бројот на убиства во Мексико се зголеми за 16 отсто во првата половина од 2018 година.
Северна Кореја почна да ја демонтира локацијата од која лансираше ракети, а која се наоша во северозападниот дел на земјата, јави Би-Би-Си.
Идеологот на американската алтернативната десница, Стив Банон, веќе побарал регистрација на неговото движење во белгискиот Службен Весник во јануари 2017 преку локален политичар, познат по неговите крајно десничарски позиции, јави дописничката на МИА од Брисел.
Велика Британија е зафатена од силна жега, поради која националната метеоролошка служба издаде предупредување до луѓето да не стојат на сонце.
Околу 400 „Бели шлемови“ остануваат заглавени во јужна Сирија еден ден по евакуацијата што ја организираше Израел, информира претставник на организацијата кој изрази страв за судбината на членовите кои останаа во земјата.
Екстремистичките групи „Граѓани на Рајхот" и „Суверени“ во Германија рапидно се развиваат и нивните членови се подготвени да извршат „најсериозни акти на насилство", пишува весникот „Билд".
Голем товарен брод што плови под панамско знаме денеска се насукал на источниот брег на Шведска, во близина на пристаништето Седертеље.
Дипломатскиот ќор-сокак за шестгодишниот престој на Џулијан Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон достигна врв, изјави денеска неименуван извор близок до основачот на Викиликс, откако медиумите објавија дека јужноамериканската држава ќе го повлече политичкиот азил.
Министрите за надворешни работи на Германија и Италија, Хајко Мас и Енцо Миланези се сретнаа денеска во Берлин, по што најавија дека ќе работат заедно за изнаоѓање на европски решенија за проблемот со мигрантите.