Во недела на 24 јуни во Турција ќе се одржат претседателски и парламентарни избори на кои претседателот Реџеп Тајип Ердоган се одбидува да го досегне својот „свет грал“: владеење на еден човек озаконето на избори, откако со тесно мнозинство го освои минатогодишниот референдум со кој го замени парламентарниот систем со извршно претседатслтво во руски стил.
Заеднички интерес на САД и Европа е реформиран Балкан на патот кон Европската унија, изјави помошникот американски државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел.
Германската Влада препорача отворање преговори со Македонија за членство во ЕУ. Во писмо упатено до Бундестагот, германската Влада оценува дека реформскиот биланс на македонската Влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ.
Европската комисија соопшти денеска дека во овогодишните извештаи за Македонија и за Албанија се препорачува почнување преговори за членство во Европската унија.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтелнберг изјави денеска дека на Самитот на Алијансата во јули се очекува Македонија да биде поканета за преговори за членство во Организацијата.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не исклучи можност за средба на рускиот претседател Владимир Путин со помошникот на претседателот на САД за национална безбедност Џон Болтон кој ќе ја посети Русија во идната недела.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска изјави дека Малта треба да дозволи спасувачкиот брод, на кој се наоѓаат 224 мигранти да вплови во нејзино пристаниште, бидејќи бродот се наоѓа во малтешки територијални води.
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев прими писмо со честитки од канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, во кое таа ја изразува својата радост за постигнатиот договор за македонско-грчкиот спор за името, соопшти прес-службата на Владата.
На средбата на врвот на ЕУ во крајот на следната недела нема да биде постигнат заеднички европски договор за прашањето за миграцијата, изјави Урлике Демер портпаролка на германската Влада.
Британската полиција соопшти дека дојавата за бомба во метро станицата Черинг Крос била лажна, а мажот кој се закануваше е приведен.