Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер објави дека „со нетрпение ги очекува“ денешните средби со светските лидери, меѓу кои и онаа со неговиот руски колега Владимир Путин.
Вкупно 111 припадници на германските безбедносни сили се повредени во текот на минатата ноќ и претпладнево во Хамбург, во судири со учесниците на протестите против Самитот на Групата 20
Група антиглобалисти нападнаа полициска станица во реонот на Алтона во Хамбург, каде денеска почнува Самитот на Г-20.
– Г-20 секогаш ги поканува Светска банка и ОН на седниците, додека Шпанија е постојан гостин. Други држави поканети од домаќинот овојпат се Холандија, Норвешка и Сингапур.
Преговорите на високо ниво за обединување на Кипар не резултираа со договор, соопшти генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Самитот на Г-20 ќе ја потенцира изолацијата на САД во однос на климатските прашања, бидејќи многу земји се одлучни да продолжат да дејствуваат согласно Париската спогодба за климата, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел.
ЕУ денеска побара суспендирање на преговорите за членство на Турција, а турскиот премиер истакна дека земјата и понатаму сака да се приклучи кон Унијата.
Русија ги продолжува санкциите против Црна Гора до 31 декември 2018 година, соопшти руската Влада.
Францускиот Парламент одобри денеска продолжување до 1 ноември на вонредната состојба во државата, воведена по крвавите терористички напади во 2015 година.
Германската полиција и група демонстранти денеска се судрија на улиците на Хамбург во пресрет на самитот на Г20, кој почнува утре, јавуваат агенциите.