Годишните одмори на вработените во сите здравствени институции во Грција, се отповикани со одлука на министерот за здравство Василис Кикиљас
Косовската министерка за надворешни работи и дијаспора Мелиса Харадинај-Стубла тврди дека тројца од австриските полицајци кои синоќа им се спротивставија на терористите кои го извршија нападот во Виена, се Албанци по потекло од Косово
Владата на Косово цени дека вооружувањето на Србија со оружје од Русија врз основа на, како што наведува, договорот меѓу претседателите на двете држави, Александар Вучиќ и Владимир Путин, претставува „сериозна закана за мирот и стабилноста на Балканот“
Вечерва по завршувањето на претседателските избори во САД, како и во следните неколку денови, постои голема веројатност од организирање протести и нарушување на јавниот ред и мир во поголемите американски градови, објави бугарската амбасада во Вашингтон на својот фејсбук-профил
Речиси осум милиони Романци редовно играат видеоигри на своите паметни телефони, конзоли или таблети – ова го покажува истражувањето на пазарот во Романија спроведено од Асоцијацијата за развој на видеоигри за потребите наконференцијата за видеодизајнери – Дев.плеј.2020
Вкупно 37 патници се спасени од брод кој потона во близина на турскиот медитерански град Аланија, соопшти Командата на Турската крајбрежна стража, јави агенцијата Анадолија
Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Движење за социјалистичка интеграција(ЛСИ), Моника Круемади, изјави дека на парламентарните избори на 25 април „Рама нема шанси да биде прв или втор зашто тие места се зафатени, ќе биде трет или четврт“
Во последните 24 часа во Словенија се потврдени уште 1.176 лица заразени со коронавирусот, додека 24 пациенти починале, соопшти денеска словенечката Влада
Албанскиот државен врв го осуди терористичкиот напад во Виена изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите и одлучност во борбата против насилниот екстремизам
По 14 години и по низа бирократски пречки, првата џамија во Атина, вчера, ги отвори вратите за верниците