Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли на денешната средба со неговиот албански колега Дитмир Бушати побарал Албанија да се вклучи во дијалогот меѓу Косово и Србија.
Таа реагираше на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека во случај на постигнување на договор со Приштина, „Србија би требало да добие јасни гаранции дека ќе биде членка на Унијата до 2025".
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ порача денеска дека Србија апсолутно се противи на формирањето косовската армија, укажувајќи дека тоа води кон закана за стабилноста и безбедноста во Косово.
Идејата за корекција на границите е многу деликатна и претставува играње со судбината не само на Косово, туку и на албанската нација, изјави албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама.
Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша верува дека идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија е проект на Белград, јави дописникот на МИА.
Русија би можела да го попречи патот на Србија кон европските интеграции, се оценува во извештајот на американскиот Конгрес, насловен како „Позадина и односите со САД".
Во Загреб вчера беше отворен Фестивалот на хамбургери, кој ќе трае до 23 септември.
Холандскиот новинар со албанско потекло Винсент Триест, кој на Твитер објави видео на вооружена екстремистичка група што себеси се нарекува Албанска национална армија (АНА) и во кое од албанската и од косовската влада се бара да не „тргуваат“ со територии, денеска информира дека станувало збор за стар запис.
Двајца градежни работиници загинаа денеска на градилиштето на комплексот „Белград на вода“ во српскиот главен град, откако паднале од една од зградите во изградба.
Лидерот на косовското опозициско Движење Самооpределување (ВВ), Албин Курти и шефот на пратеничката група на партијата, Глаук Коњуфца синоќа се сретнаа со министерот за надворешн работи на Албанија, Дитмир Бушати и албанскиот амбасадаор во Косово, Ќемал Минџози, јави дописникот на МИА од Приштина.