Претседателот на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ) Ненад Чанак изјави дека Русија, после неуспешниот државен удар и обидите за насилното соборување на власта во Црна Гора, сега врши притисок врз Македонија.
Со промената на владата во Скопје се отвори прозорец на можности за решавање на прашањето за името и во оваа фаза, прозорецот и понатаму е отворен, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.
Токму поради тоа што не ги знае македонските ставови, не коментираше дали има поклопување на позициите, но изрази уверување дека постои политичка волја и од двете страни.
Весникот „Катимерини“, анализира дека позициите на Атина во грчката нацрт спогодба се горе-долу познати и вклучуваат седуѕм точки, а за три од нив постои договор, „за името (веројатно „Горна Македонија“), за акронимите и за иредентистичките наводи“.
Спорот за името била една од темите за кои разговараа вчера грчкиот премиер Алексис Ципрас и коалицискиот партнер во Владата Панос Каменос на нивниот состанок во премиерската палата во Атина.
56.5 отсто или повеќе од половината Грци, посакуваат терминот Македонија да не биде вклучен во името на нашата земја, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Каpа Research“ за грчката телевизија „Алфа“.
Прес – службата на ОН поладнево ја потврди информацијата што претходно ја објавија македонското и грчкото МНР дека шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц на 30 март во Виена.
- Очекуваме да се направат чекори на напредок. Ги очекуваме коментарите и забелешките на Владата на поранешната југословенска Република Македонија и се надеваме дека ќе успееме да најдеме заеднички терен на следните средби. Сепак, ова во голема мера зависи и од другата страна, рече Ѕанакопулос.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, на 22 и 23 март доаѓа во официјална посета на Република Македонија, денеска потври македонското МНР.
Откако шефот на грчката дипломатија откри дека нацрт спогодбата е испратена до Скопје, грчките медиуми, меѓу кои и „Катимерини“ и „Та неа“ ги објави петте имиња што се содржани во грчкиот предлог. Всушност станува збор за истите идеи доставени од медијаторот Метју Нимиц, односно имињата: