Симболичен беше денешниот настап на Ставре Јада, првиот Македонец кој се појави на Зимската олимпијада во Пјонгчанг. Јада се појави на стартот на квалификациската трка спринт класично на 1,4 км. и заврши на 80.место.
За 31-годишната Вист ова е петто злато или вкупно десетти медал на олимписките игри. Таа влезе во историјата како единствена лизгачка која има двоцифрен број на медали.
Германката Лаура Далмаер повторно успеа да се искачи на највисокото место на подиумот, овој пат таа беше најбрза во биатлонската трка на 10 километри.
Поранешниот кошаркарски репрезентативец и кандидат за претседател на Македонската кошаркарска федерација, Владо Илиевски по денешното вонредно Собрание на МКФ преку својот „Фејсбук“ профил соопшти дека го смета за нелегитимно и незаконско.
Петар Наумоски останува претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Поранешниот кошаркар „преживеа“ откако на денешниот вонреден конгрес доби 16 гласа „за“, додека неговиот противкандидат, Владо Илиевски, доби 14 гласа.
Германецот, Арнд Пајфер го освои првиот златен медал во биатлон на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Триесет и едно годишниот Крамер по златните медали во Ванкувер и Сочи, колекцијата на трофеи ја комплетираше во Пјонгчанг откако беше најбрз на патеката од 5000 метри.
Симен Хегстад Кругер заврши изненадувачки на прво место во дисциплината скиатлон од турнирот во ски трчање на Олимписките игри во Пјонгчанг.
Редмонд Џерард (17) го донесе првиот златен медал за САД на Олимписките игри во Пјонгчанг, откако победи во дисциплината „слоупстајл“ во сноуборд.
Претставникот на домаќините Лим Хио-џун ја освои титулата на 1.500 метри „шорт-трек“ за мажи на Олимписките игри во Пјонгчанг.