„Калуѓерка“ - третиот дел од хорор серијалот „Повикување“ постигна рекордна заработка во првиот викенд по својата премиера. Приходите на светско ниво од првите три дена на еден од најочекуваните хорор филмови годинава изнесуваат 131 милион долари.
Мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон ја доби наградата „Златен лав“ на 75-то издание на Венецискиот филмски фестивал за филмот „Рома“.
На само неколку дена пред премиерата на филмот „Предатор“, ќе мора да се премонтира, поради тоа што еден од глумците, Стив Вајлдер е осуден сексуален престапник, па треба да се исфрли од филмот.
Општина Крива Паланка во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија од вечерва до вторник, единаесетти септември, организира филмски циклус – проекција на Шпански филмови.
Познатиот американски актер Берт Рејнолдс починал денеска на 82 годишна возраст. Ѕвездата на серијалот „Gunsmoke“, „Smokey and the Bandit“ и „Boogie Nights“ починал во болница во Флорида.
Откако оскаровскиот режисер Дени Бојл го напушти проектот, 25-от „Џејмс Бонд“ филм се соочува со нови проблеми... Снимањето најверојатно ќе се одложи, а тоа е поради други обврски на Даниел Крег, објави „Дејли Меил“.
Филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи доби награда за иновативност на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, Канада.
„Се крчка“ ново продолжение од легендарниот серијал комедии од 1980-те и 90-те, „Полициска академија“, и тоа би бил вкупно осми филм. Тоа на друштвените мрежи го навести глумецот Стив Гутенберг - главната ѕвезда во првите неколку делови од франшизата.
Станува збор за проект на Македонско научно друштво Битола, за кој сценариото го подготви Силвана Петрова Насух. Режисер на филмот е Миле Гроздановски, а сторијата за Валентин кој потекнува од уметничко семејство ја истражи и прва објави, битолскиот новинар Жанета Здравковска.
Филмот за Нил Армстронг и мисијата Аполо 11 - „Првиот човек“, кого го глуми Рајан Гослинг, во САД е искритикуван како недоволно патриотски, оти во него не се прикажува како астронаутот го поставува американското знаме на Месечината.