Градоначалниците на Скопје и на Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис, утре во грчката престолнина ќе имаат официјална средба. По тој повод денеска во заедничка колумна повикуваат на зближување на двата града и затворање на отворените прашања меѓу Македонија и Грција.
Средствата кои ќе бидат собрани од продажбата ќе бидат наменети за купување на возило за товар на лисја и смет, со цел да се придонесе кон поголема ефективност во одржување на чистотата и хигиената во Општината.
Град Скопје денеска почна со расчистување на насипите и градежниот материјал во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје, односно меѓу мостот Гоце Делчев и Камениот мост.
Новата населба Александрија месецов ги доби своите први жители. Населбата Александрија се наоѓа во општина Ѓорче Петров, на 150м од новиот кружен тек кај Порта Влае, a се простира на површина од 500.000 м2.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов в петок ќе ја посети Атина и ќе се сретне со атинскиот градоначалник Јоргос Каминис.
Град Скопје соопшти дека по пошта доставува потврди за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година, до сите физички лица кои по различен основ имаат остварено приход од Град Скопје меѓу кои и за субвенции за печки на пелети, субвенции за велосипеди и слично.
Настрадаа играчките за деца и дел од урбаната опрема на потегот меѓу стадионот Филип Втори и плоштадот Македонија од страната велосипедската и пешачката патека.
Сметките за потрошена вода ќе останат исти, а градските власти се подготвени да платат казна за неспроведување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за плаќање дополнителни два денара на потрошен метар кубен вода во Скопје.
Веднаш по преземањето на градската власт воведовме двосменско работење на службите што непосредно работат со граѓаните. Бараката 16, сега работи од 7:30 до 19:30 и граѓаните можат побрзо и полесно да ги завршат своите работи поврзани со прием, издавање, заверка на документи.
Град Скопје избра 212 предлог проекти пријавени на Конкурсот за финансирање манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата.