Кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари на четвртиот натпревар од полуфиналето на плејофот на Западната конференција против Њу Орлеанс постигна четири тројки од девет обиди и значително придонесе за победата на неговиот тим од 118:92.
Најдобриот кошаркар на Химки, Алексеј Швед ја освои наградата „Алфонсо Форд“, кој му се доделува на најдобриот стрелец во регуларната сезона од Евролигата.
Шампионот на НБА, Голден Стејт синоќа не му остави никакви шанси на Њу Орлеанс и по победа на гости со 118:92 поведе со 3-1 во полуфиналната плејоф серија на Западот, која може да заврши уште во следниот дуел во Оукленд.
Српскиот тренер Игор Кокошков изјави дека е исклучително горд на неговото назначување на чело на Феникс Санс. Поранешниот тренер на репрезентацијата на Словенија ќе биде првиот главен тренер на НБА тим, кој е роден надвор од Северна Америка.
Кевин Лав конечно покажа на што е способен, откако синоќа постигна 31 поен, а Леброн Џејмс повторно беше незадржлив со 43 во победата на Кливленд против Торонто со 128:110 на гости. Кавалирс поведоа со 2-0 во плејоф серијата и сега ќе бидат домаќини на следните два натпревара.
МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Работнички со 80:76 во претпоследното, деветто коло од Супер лигата. За тимот од Аеродром ова е прва прволигашка победа над вечниот ривал сезонава.
Кошаркарскиот стручњак Игор Кокошков го презеде Феникс Санс и стана првиот Србин кој станал главен тренер на НБА тим. Во исто време, сегашниот асистент во Јута Џез е и првиот Европеец, кој ќе биде главен тренер на тим од најсилната лига во светот.
Јута продолжува со силната игра во плејофот, а овојпат во тоа се убедија играчите на Хјустон, притоа на свој терен. „Џезерите“ победија на гостувањето кај „Рокетс“ со 116:108 и така израмнија на 1-1 во полуфиналната серија на Западот.
Кливленд поведе со 1:0 во четвртфиналната серија од плејофот против Торонто рапторс, а најдобриот играч на Кавалирс, Леброн Џејмс, изјави дека е задоволен од играта што ја прикажале неговите соиграчи.
Пол Џорџ ќе го напушти тимот на Оклахома Сити по само една сезона во дресот на Тандер.