Килијан Мбапе, младиот фудбалер на Монако, минатата седмица се степал на тренинг со соиграчот Андреа Раџи, пишува францускиот весник „Л’Екип“.
Како што се наведува, играчите си размениле навреди, по што тренерот Леонардо Жардим се обидел Мбапе да го оддалечи од теренот. Но, младиот напаѓач одбил да го исполни неговото барање, па целиот тим морал да се пресели на друг терен.
Французинот не беше во составот на тимот за дуелот против Мец, а претходно на клупата го преседе и натпреварот против Дижон.
Според последните информации од Франција, прашање е кој ден ќе се оствари трансферот на Килијан Мбапе, напаѓачот на Монако, во ПСЖ за, како што се наведува, 180 милиони евра.