Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за квалификациските натпревари на А репрезентацијата против Израел и Албанија. На повикот на Ангеловски на 28. август во хотел „Гранд Плаза“ треба да се јават 23-ца фудбалери.

Изборот на Ангеловски падна на Столе Димитриевски, Давид Митов Нилсон и Дејан Илиев на голманската позиција, за одбраната во составот се повикани Стефан Ристовски, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков и Висар Муслуи. Изборот за средниот ред падна на Стефан Спировски, Ферхан Хасани, Езџан Алиоски, Енис Барди, Бобан Николов, Давид Бабунски, Љупчо Дориев, Никола Ѓорѓев и Ељив Елмаз додека за нападот, Ангеловски ги повика Горан Пандев, Илија Несторовски, Иван Тричковски, Александар Трајковски и Марјан Радески,

Првиот натпревар македонската репрезентација го игра против Израел на гостински терен на втори септември а три дена подоцна на домашен терен ја пречекуваме репрезентацијата на Албанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2017 21:35