Жофреј Кондогбија следната година ќе ја помине на заем во Валенсија.
Францускиот играч за врска пред две години стигна во италијанскиот клуб од Монако за 31 милион евра, но никогаш не успеа да се наметне во клубот и да ја оправда високата сума пари.
Предминатото лето важеше за баран играч и челниците на Интер блескаа од среќа што го презедоа од градскиот ривал Милан.
Доколку успее во Валенсија да ја оживее кариерата и клубот би сакал да го задржи, ќе може да плати оштета од 25 милиони евра.