Македонскиот првак Вардар на реваншот од баражот од Лигата Европа утре во Истанбул против Фенербахче ќе стартува со предност од 2:0 постигната на првиот дуел во четвртокот во Скопје.

Во редовите на турската екипа истакнуваат дека се подготвени за новото искушение.

– Клучна работа е што мораме да влеземе во фазата од групите од Лига Европа. Поразот е тежок, иако доминиравме во играта во Скопје. Голот кој го примивме на крајот беше голема грешка. Утре мораме да се бориме до крај. Имаме нови 9-10 играчи, тоа е проблем кој треба да го надминеме, изјави тренерот на Фенербахче Ајкут Коџаман.

Искусниот интернационалец во редовите на Фенербахче, Мартин Шкртел изјави:

– Имаме неповолен резултат од првиот дуел и мораме многу да направиме за пласман во групната фаза. Мотивацијата е клучна, а веруваме дека и реализацијата ќе биде на посакуваното ниво. Клучно е да не примиме гол.

Натпреварот меѓу Фенербахче и Вардар ќе се игра на стадионот „Шукру Сарачоглу“, а турскиот тим се очекува да има максимална поддршка од трибините од околку 50.000 навивачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2017 21:45