Унгарскиот фудбалски клуб Ференцварош денеска го промовира македонскиот репрезентативец Стефан Спировски. Сега веќе екс вардарецот се обврза на тригодишна верност кон еден од најдобрите унгарски тимови.

Зад Спировски се одлични настапи во дресот на Вардар на евросцената и изборен пласман на црвено-црните во Лига Европа, како и забележителни настапи во дресот со националните бои на Македонија на Европското првенство У-21 во јуни оваа година.

Фудбалерот од средниот ред доби повикот од селекторот Игор Ангеловски и се очекува да настапи за А-репрезентацијата на Македонија на претстојните квалификациски средби со Албанија и Израел.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2017 18:22