Наби Кејта, идниот играч на Ливерпул, изјави дека е исклучително среќен што наредното лето ќе го облече дресот на славниот клуб од „Енфилд роуд“.
Повеќемесечните преговори завршија успешно за Кејта и Ливерпул, на први јули 2018 година тој и официјално ќе стане играч на англискиот клуб, кога ќе биде активирана откупната клаузула од 40 милиони фунти.
„Исклучително сум среќен за договорот кој ќе ми овозможи да заиграм за Ливерпул наредното лето и да станам дел од возбудливиот проект“, изјави Кејта.
Иако веќе знае каде ќе ја продолжи кариерата, Гвинеецот истакнува дека тоа нема да му ги наруши неговите игри во Лајпциг оваа сезона.
„Тоа што ситуацијата околу мојот иден клуб е решена, само ќе ми помогне да се фокусирам на Лајпциг и да постигнам одлични резултати со тој клуб оваа сезона“, изјави 21-годишниот играч.
Кејта во Лајпциг стигна минатото лето од редовите на Салцбург за 15 милиони евра. Двата клуба се во сопственост на Дитрих Матешиќ, првиот човек на Ред Бул.