Стеван Јоветиќ е нов фудбалер на Монако и ќе го носи дресот со број десет, па нема сомнение дека црногорскиот репрезентативец во клубот доаѓа како замена за Килијан Мбапе.
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од новиот напаѓач во дресот на францускиот клуб и јасно е дека Мбапе ќе го напушти Кнежевството, а тоа го потврди и тренерот Леонардо Жардим.
Како што пишува францускиот „Л’Екип“, ПСЖ ќе го доведе и талентираниот напаѓач на Монако и за тоа ќе плати 180 милиони евра, што преодниот рок во којшто е виден најскапиот трансфер некогаш ќе го направи уште полуд.
Се шпекулира дека трансферот на Јоветиќ од Интер во Монако е вреден околу 13 милиони евра.