Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе треба да и плати на ФИФА (Светската фудбалска федерација) 22.500 швајцарски франци за казни на натпреварите од мундијалските квалификации Русија 2018.

Вкупната казна е изречена за неколку пропусти на дуелите на Македонија: влегување на навивачи на дуелите на домашен терен со Италија и со Шпанија; недолично однесување на навивачи на гостинскиот натпревар со Лихтенштајн; блокирани скали на трибините на дуелот со Шпанија; употреба на пиротехника на натпреварот со Албанија во Струмица.

Изречени се и две опомени: некоректно однесување при интонирање химна во Скадар со Албанија и незадоволителни безбедносни проверки со Лихтенштајн во Струмица.

ФИФА одреди високи парични казни за фудбалските федерации на Србија и на Албанија за пропустите на натпреварите.

Албанија која беше во истата група со Македонија најголемиот дел од казните, 250 илјади швајцарски франци, ги доби за политичките пароли и скандирања на дуела со Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2017 14:47