Менаџерот на Челзи Антонио Конте призна дека сакал да го ангажира холандскиот стопер Вирџил ван Дајк пред Ливерпул да го купи од Саутемптон.

Ливерпул го доведе Ван Дајк за 75 милиони фунти и со тоа стана најскап одбранбен фудбалер на сите времиња, а Холанѓанецот веќе на дебито во градското дерби против Евертон постигна гол за победа од 2-1.

„Сè е тоа фудбал, односно живот. Секако дека долго беше наша цел. Има многу фудбалери кои ги гледаме, но не можеме сите да си ги дозволиме. Трансфер пазарот не е едноставен. Ливерпул ја засили одбраната, а Ван Дајк е врвен стопер. Истовремено, тие го продадоа Кутињо и имаат пари да инвестираат во тимот“, изјави Конте.

Ван Дајк на 16-ти декември беше на клупата на натпреварот против Челзи во Премиер лигата и тоа во формацијата на Маурисио Пелегрино со три централни бекови, затоа што го плати цехот за претходниот висок пораз од Лестер (4-1).

Долго време беше во заладени односи со менаџерот на Саутемптон затоа што бараше трансфер, што и на крај се случи, само 11 денови по мечот со Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2018 01:10