Францускиот фудбалер Франсис Кокелен ја прифатил понудата на Валенсија и денес ќе го напушти Арсенал, пренесе радиостаницата „Монте Карло“.

Кокелен, кој има 26 години, оваа сезона само еднаш беше стартер во Премиер лигата, уште шест пати доби шанса од клупата, а редовно играше во Лигата на Европа.

Неговата цена се проценува меѓу 10 и 12 милиони евра, а во екипата на Валенсија ќе му биде директен конкурент за место во тимот на српскиот репрезентативец Немања Максимовиќ.

Кокелен ги помина сите млади селекции на Франција, но сè уште нема дебитирано за тимот А.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2018 12:04