Екипата на Астон Вила ќе игра натпревар за пласман во Премиер лигата по подобриот резултат во двомечот со Мидлзброу.

Двете екипи синоќа во Бирмингем ремизираа без голови 0:0 и по победата со 1:0 на првиот меч стигна до вкупен триумф.

Астон Вила беше подобрата екипа на двата натпревара и заслужено доби шанса по двегодишна пауза да се врати во најсилното англиско фудбалско натпреварување.

Последна пречка кон поход ќе биде тимот на Фулам.

Баражот за пласман во Премиер лигата ќе се игра на „Вембли“ во Лондон на 26 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2018 08:44