Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси изјави дека ќе биде ужасно, ако неговиот пријател и поранешен соиграч Нејмар премине во Реал Мадрид.

Аргентинецот смета дека евентуален трансфер на Бразилецот во големиот ривал ќе биде голем удар за Барселона, бидејќи Нејмар значел многу за Каталонците.

Меси додава дека е во ред начинот на кој Нејмар ја напушти Барселона, затоа што веќе освои важни трофеи на „Камп Ноу“ и во Лигата на шампионите, но никој во клубот и навивачите нема да му опрости ако отиде во Мадрид.

Нејмар пред една година премина од Барселона во ПСЖ, а во последно време се почесто се шпекулира дека е блиску до Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2018 08:55