Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, очекува тежок дуел со Олимпик Марсеј, вечерва во Лион во финалето од Лига Европа.
- Не очекува многу тежок натпревар со ривал кој оваа сезона многу напредуваше. Имаат тренер кој знае како да искористи многу опции во тимот, многу се опасни во средниот ред и во нападот. Посакувам да дојдеме до трофеј во евро-куповите по двата пораз во финалето од Лигата на шампионите. Фудбалерите го заслужуваат троа, рече Симеоне.
Атлетико Мадрид ја има освоено Лига Европа во 2010 и 2012 година, а потоа има загубено две финалиња во Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал.
Натпреварот Олимпик Марсеј – Атлетико Мадрид почнува во 20 часот и 45 минути.