Англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон му додели отказ на менаџерот Сем Алардајс, потврдено е денеска на клупскиот сајт.
Поради предвремен раскин на договорот, Алардајс ќе добие околу седум милиони евра како обештетување.
Овој 63-годишен англиски фудбалски експерт на клупата на „карамелите“ помина само шест месеци со променливи резултат, но и покрај тоа Евертон го освои солидното осмо место на табелата во Премиер лигата.
Сепак, раководството на клубот од Ливерпул сака долгорочно решение на позицијата менаџер и затоа ќе се обиде да го доведе Марк Силва од Вотфорд.