Дејвид Мојс ја напушти менаџерската функција во Вест Хем по само шест месеци од неговото назначување за предводник на „чеканите“.
55-годишниот Мојс ја исполни целта за која беше донесен, а тоа е опстанок на Вест Хем во Премиер лигата по лошиот старт на сезоната на менаџерското место со Славен Билиќ.
Од Вест Хем му се заблагодарија на Мојс за неговата работа и му посакаа успех во следните негови ангажмани.
Под водство на Мојс клубот забележа девет победи, 10 нерешени исходи и 12 порази.