Напаѓачот на Борнмут Џермејн Дефо може да ја продолжи кариерата во Нотингем Форест, објави „Дејли Мирор“.

Според весникот, тренерот на клубот од Чемпионшип Дивизија, Аитор Каранка, сака во тимот да го има поранешниот англиски репрезентативец.

35-годишниот Дефо во својата богата кариера има настапувано и за Вест Хем, Тотенхем, Портсмут, Сандерленд и Торонто. Во Борнмут, тој се преселил во 2017 година.

За националниот тим на Англија, Дефо има одиграно 57 натпревари и постигнато 20 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 15:21