Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се соочува со уште едно неверојатно достигнување во својата кариера, откако му претстои да го одигра својот натпревар бр.600 во дресот на „кралевите“.

Утре „белите“ ќе гостуваат на Ајакс во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Шампионите, а шпанскиот репрезентативец се очекува да запише јубилејно учество, кое би го доближиле на само едно од легендите Франсиско „Пако“ Џенто и Фернандо Јеро, кои имаат 601 натпревари за Реал.

Тој сигурно ќе ги надмина двајцата и пред него во листата ќе останат само четири лица: Карлос Алонсо Гонзалес – Сантиљана (645), Мануел Санчиз (710), Икер Касиљас (725) и Раул (741). Серхио Рамос пристигна во Реал во 2005 година од Севиља и оттогаш има освоено 20 трофеи со клубот.

Тој започна на „Бернабеу“ како десен бек, но кај Жозе Мурињо во 2010 година се пресели во центарот на одбраната и оттогаш е еден од најдобрите во светот на овој пост.

Во оваа сезона без Кристијано Роналдо, Рамос стана и прв изведувач на пенали, а веќе има 11 гола – неверојатно достигнување за одбранбен играч.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2019 18:16