Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, му се обрати на напаѓачот Алексис Санчез. Тој истакна дека го смета за добар и талентиран фудбалер.

– Сметам дека тој е многу добар играч. Многу е талентиран, но, се разбира, има толку многу работи што може да се поправат. Го виде тоа во натпревар со Фулам, кога доби шанса. Беше активен, ја зема топката и ја искористи сета своја енергија. Ако успеа да постигне голови на следните средби, тогаш сигурен сум дека ќе ја врати самодовербата. Тоа е како кечап во шише што не може да излезе надвор, а потоа нагло почнува да доаѓа во многу големи количини, изјави Солскјер.

Оваа сезона, Санчез играше на 19 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна два гола и оствари четири асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2019 13:25