Фудбалерите на Баерн Минхен убедливо со 5:0 ја победија Борусија во натпреварот од 28. коло на шампионатот во Германија.

Стрелци на головите за Баварците беа Хумелс, Роберт Левандовски (два), Мартинез и Гнабри.

По овој триумф Баерн токму од Борусија го презеде врвот на табелата во Бундеслигата.

Резултати на другите саботни натпревари од 28. коло:

Баер Леверкузен – Лајпциг 2:4 Херта – Фортуна Дизледорф 1:2 Шалке – Ајнтрахт Франкфурт 1:2 Штутгарт – Нирнберг 1:1 Волфсбург – Хановер 3:1.

Табела: Баерн 64 бода, Борусија Дортмунд 63, Лајпциг 55, Ајнтрахт Франкфурт 52,…



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2019 03:35