Претседателот на Џенова, Енрико Прециози ќе му изгласа доверба на тренерот Чезаре Прандели, околу кого се појавија информации дека ќе биде отпуштен пред крајот на кампањата.
Вчера Прециози остварил средба со искусниот стратег, која била позитивна и за двете страни.
Тимот е во прилично непријатна серија и загубија четири од последните пет средби, откако се наоѓаат на пет поени од зоната за испаѓање.
– Ми требаше доста време за да донесам одлука, но разговарав со тренерот и сфатив дека е подготвен да се справи со тоа. Имаме се што ни е потребно за да си обезбедиме останување во елитата“, прокоментира Прециози.