Борусија Дортмунд доживеа болен пораз од 0:5 од Баерн Минхен, но успеа да се опорави и да продолжи да дише во вратот на лидерот. Четири круга пред крајот на шампионатот во Бундеслигата, разликата помеѓу двата тима е само 1 бод и „жолто-црните“ повторно покажуваат привлечна игра. Во неделата, тие го поразија Фрајбург со 4-0 како гости и остануваат оптимисти.
– Нашата изведба можеби не беше на вистинско ниво во изминатите неколку недели, но мора да останеме фокусирани. Рековме дека треба да продолжиме да соработуваме – особено кога станува „жешко“ – и се уште веруваме во освојувањето на титулата. Сакаме да го држиме Баерн под притисок до самиот крај, изјави капитенот Марко Ројс пред „Скај“.
Следниот тест за Борусија е регионалниот ривал Шалке 04, кој е во голема криза.
– Тоа нема да биде нормален натпревар, сите знаеме. Мораме да се подготвиме за тоа. Ние исто така играме дома. Сакаме да ги прегазиме, додаде стрелецот на Дортмунд.