Дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз, по убедливата победа на Вотфорд (3:0), рече дека натпреварот бил потежок отколку што покажува резултатот. Триесет и две годишниот Бразилец додаде дека неговиот тим мора да продолжи максимално да се бори д аја задржи третата позиција.

Челзи, со 71 поен, е првиот тим по водечкиот тандем Ливерпул и Манчестер сити.

Беше тешко, ги искористивме нашите шанси. Календарот е комплициран, но тешко е за секого. Кога имате повеќе од единаесет кул играчи, можете да ја ротирате поставата и да останете на исто ниво. Ние направивме одлична работа за денес да освоиме три бода, но Челзи се уште треба да се бори до крај, вели Луиз. Во последното коло Челзи му гостува на Лестер и со евентуална победа ќе остане на третата позиција и ќе избори место во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 18:46