Маурицио Сари, го напушти Лондон и пристигна во Италија. Како што објави 60-годишниот фудбалски стручњак е забележан во хотел во Милано, каде треба да ги финалисира преговорите за преземање на Јувентус.

Претходно „Скај спорт Италија“ излезе со информација дека Челзи се согласил да му дозволи на Сари да оди во Јувентус.

Тренерот одлучи да се врати во Италија од професионални и лични причини, верува дека клубот не му дал доволно поддршка кога навивачите и медиумите го критикувале.

Сари може да потпише двегодишен договор со Јувентус со можност за обновување уште една година. Неговата плата ќе изнесува шест милиони евра за сезона. Тој е во Челзи од летото 2018 година. Под негово водство „сините“ од Лондон го освоија третото место во шампионатот на Англија и ја освоија Лига Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2019 11:15