Легендарниот холандски тренер Луис Ван Гал смета дека 22-годишниот Френки Де Јонг ќе има големи тешкотии да се прилагоди во толку голем клуб, како што е Барселона.

– Мислам дека ќе му биде тешко таму и дека ќе има големи проблеми, и тоа не само поради втората позиција во екипата, туку ќе има потешкотии и да влезе во првиот состав. Верувам дека можел да одбере подобра дестинација за продолжување на кариерата, изјави Ван Гал, во емисија на „Фокс“.

Мислењето на пензионираниот холандски стратег има релевантно значење ако се знае дека во неговата богата кариера водел многу големи клубови и репрезентации, меѓу кои и Барселона.

Инаку, Де Јонг од следната сезона ќе го облече дресот на Барселона, која уште во зимскиот преоден рок го обезбеди неговиот трансфер од Ајакс, кој за младиот холандски фудбалер добија околу 75 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2019 15:30