Поранешниот италијански репрезентативец и капитен на Милан, Алесандро Неста е назначен за нов тренер на Фросиноне.

Клубот не успеа да го задржи прволигашкиот статус и во следната сезоан ќе настапува во Серија Б.

Прес-службата на Фросиноне објави дека со Неста е потпишан договор со двегодишна важност.

Четириесет и тригодишниот тренерската кариера ја почна во Мајами пред три години, а минатата сезона ја предводеше Перуџа со која не успеа да избори учество во Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2019 10:59