Сергеј Милинковиќ – Савиќ наскоро ќе потпише петгодишен договор со Манчестер Јунајтед, објави италијанскиот весник „Република“.
Според истите извори, отштетата ќе изнесува 75 милиони евра плус бонуси, што е значително помалку од тоа што Лацио го бараше за српскиот репрезентативец последниве сезони.
Минатата сезона претседателот на римскиот клуб Клаудио Лотито, тврдеше дека СМС е подобар од Погба за кого Јунајтед плати 105 милиони, така што даде до знаење дека нема да прифати износ помал од тој што е платен за Французинот.
„Република“ наведува дека Сергеј во Манчестер го добива годишна плата од шест милиони евра, и дека трансферот сигурно ќе се оствари бидејќи „ѓаволите“ бараат замена за Погба кого сака да го купи Реал.